Разбирање на длабоките врски коишто Првите нации ги имаат со земјата

Single hand of a Young Indigenous girl on the rocks

Understanding the profound connections First Nations have with the land. Vick Smith/Getty Images Source: Moment RF / Vicki Smith/Getty Images

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Земјата има длабоко духовно значење за Абориџините и жителите на островот Торесов теснец, коешто е сложено и испреплетено со нивниот идентитет, припадност и начин на живот.


Key Points
  • Земјата е нераскинлив дел од народите на Првите нации, формирајќи го нивниот идентитет и чувство на припадност.
  • Врската произлегува од приказните кои се пренесуваат низ генерации.
  • Светите места треба да се посетуваат само со познавање на локацијата и нејзиното значење.
Абориџините и жителите на островот Торесов теснец, ја населуваат Австралија најмалку 60.000 години, прилагодувајќи се на променливиот пејзаж. Тетка Дејдре Мартин, е жена Валбанга од нацијата Јуин, почитуван старешина и абориџински чувар на откритија, која работи National Parks and Wildlife Service во земјата Даравал, во Нов Јужен Велс. За тетка Дејдре, земјата не е ентитет што треба да се поседува, туку нераскинлив дел од неа, кој треба да се почитува и за кој треба да се грижи.
Ние никогаш нема да ја поседуваме земјата. Ние имаме улога да ја заштитиме земјата. Нашата земја е она што ни обезбедува храна, вода, засолниште, само да наведеме неколку.
Тетка Дејдре Мартин
„Земјата е терминологија, но таа се провлекува низ нашите вени. Тоа е нашиот прв здив и ќе ни биде и последен“, вели таа.
Aunty Deidre Martin.jpg
Тетка Дејдре Мартин е чувар за абориџинсики откритија.
Тетката Дејдре Мартин вели дека врската е толку длабока, што е доволно да биде блиску до нејзината земја, за да и предизвика чувство на припадност.

„Кога патувам дома од Сиднеј, само што ќе дојдам до "Киама бенд", гледам надолу кон брегот, а чувството на припадност едноставно ме совладува и мислам ... јас сум дома“, додаде таа.

Дезмонд Кембел, горд Гуринџи и Алава-Нгалакан човек од Северната Територија, изразува слични емоции кога се враќа во својата земја. Извршниот директор на , сега со седиште во Сиднеј, вели дека го полазуваат трпки само од помислата да биде во неговата земја.

„Иако не пораснавме таму трајно, како вчера да бевме таму. Се е толку познато. И се чувствувате безбедно. Се чувствувате како да сте на место каде што можете да бидете она што сте како Абориџин“, објаснува г-дин Кембел. Додека врската со неговата земја останува непоколеблива, без оглед на оддалеченоста, г-дин Кембел ја нагласува важноста од редовно враќање во земјата на своите предци, не само за практикување на неговата култура и јазик, туку и за длабоката духовна врска таа што ја поттикнува.

„Ме исполнува, ми го исполнува духот. Тоа ми овозможува да можам да живеам во место како Сиднеј и да работам за организација како Welcome to County.... Треба да ја задржам мојата култура и мојот јазик и да го имам тој интегритет. И тоа можам да го направам само со одвреме-навреме одење дома“, вели тој.
Desmond_bio photo.JPG
Извршниот директор на Welcome to Country, Дезмонд Кембел.

Приказни за земјата

Врската произлегува од приказните пренесени низ генерации, објаснува г-дин Кембел.

Тој додава дека во зависност од тоа од која земја сте, приказните, духовите и врските се разликуваат.

„Мојата страна Гуринџи, која е од страната на татко ми, тоа е пустинска земја. Животните се различни, годишните времиња се различни, така што и приказните беа различни [од оние на страната на мајка ми]“.

Г-дин Кембел вели дека овие приказни биле испреплетени со знаење и лекции за земјата, за тоа како кога и што да се лови и за последиците од играњето со оган во погрешна сезона.
Бредли Харди е горд човек од Нгемба, Уалараи, Коома и Камиларои и модерен чувар на , сместен покрај реката Барвон.

Тој ја опишува реката како негова „крв и идентификација“.

Г-дин Харди продолжува да раскажува приказни и истории за својата земја, работејќи како локален водич за културниот музеј на Абориџините Бреварина.

Тој вели дека мора да ги одржува приказните во живот, пренесувајќи ги на следната генерација.

„Турите никогаш не се за мене, туку за чествување на моите стари луѓе, споделување со младите и поставување платформа за младите да продолжат да ја споделуваат нашата историја со светот. Наша должност е да го сториме тоа“, објаснува г-дин Харди.
Copy of Untitled Design.png
Bradley Hardy and Brewarrina Aboriginal Fishing Traps. Credit: Bradley Hardy.

Разбирање на светите места

Абориџинските стапици за риби во Бреварина се меѓу најстарите човечки градби во светот. Тие се направени од карпи стратешки поставени во U и C-облик, не само за насочување и ловење риби, туку и за да им овозможат на некои риби да го заобиколат и да го продолжат својот животен циклус, објаснува г-дин Харди.

Исто така, тоа е место каде се собраа многу племиња.
Тоа е свето место, мора да се обидеме да го заштитиме. Тоа е наменето главно за нашите луѓе. Наша главна должност е не само да им кажуваме на луѓето за ваквите места и да продолжиме да ги развиваме меѓу нашите млади луѓе, туку светот [да дознае] дека тоа се посебни места
Бредли Харди
Тетка Дејдре, исто така, укажува на важноста од познавање на светите места и нивното значење, пред да ги посетите истите.

„Тие се места со значење, коишто не можете да ги посетите додека не го добиете знаењето, како на пример страната за мажи и жени“, објаснува таа.
First nation Australian aboriginal people using spears to hunt seafood in Cape York Queensland Australia
Silhouette image of First Nation Australian aboriginal people, father and son, going to hunt seafood in Cape York, Queensland, Australia. Credit: Rafael Ben-Ari/Getty Images Credit: Rafael Ben-Ari/Getty Images
Светите места за народите на првите нации се разновидни и значително се разликуваат во зависност од нацијата. Иако некои места може да се свети и за мажите и за жените, други може да бидат повеќе специфични за полот, со ритуали или значење поврзани со нив, вели таа.

Тетка Дејдре вели дека нејзина одговорност е да ја едуцира заедницата за овие свети места и таа навистина ужива да го споделува своето знаење со посетителите.

Навлегувањето подлабоко во земјата на луѓето од Првите нации и разбирањето на нејзиното значење, може да открие богато знаење. Како и да е, од клучно значење е да им пристапите на домородните свети места со почит и да барате насоки од локалните домородни заедници или совети кои управуваат со земјата.

„Без разлика дали се работи за стапици за риби или други приказни на различни места, сакаме луѓето да одат и навистина да ја откријат вистината за нашата историја. Сакаме луѓето да излезат и да научат за овие работи, но исто така да бидат внимателни и да ги почитуваат нашите работи“, додава г-дин Харди.

Share