Јордан Ристовски: "Наша Македонија" ќе не обедини сите нас

JORDAN- Landscape.jpg

Јордан Ристовски, секретар на неодамна основаната организација "Наша Македонија" во Мелбурн, фотографиран близу родното село на неговиот татко, Папрадиште. Credit: Jordan Ristovski (supplied)

Get the SBS Audio app

Other ways to listen

Јордан Ристовски длабоко размислува за своето двојно потекло. Со татко Македонец од Скопје и мајка Маорка од Велингтон, Јордан ги учи јазиците на неговите родители и наоѓа паралели во политичките наративи на двете нации што во себе ги носи .


Со ретко развиена свест за состојбите околу него, тој постојано бара одговори на прашања поврзани со минатото.

Ристовски се појавува на македонската активистичка сцена како млад и енергичен набљудувач и неодамна беше еден од учесниците на панел дискусијата на тема "Macedonia: Where To From Here? Looking back, Looking Forward".

А Јордан го прави токму тоа, запознавајќи се со минатото, тој смело чекори напред.

Share